Снесено милјардито јајце во Жито Вардар, кој започна да продава и свежо пилешк? месо

Петар Печков

Во фармата на Жи-Ва Јајце на Групацијата Жито Вардар во с. Црвени Брегови, произведено е милијардитото јајце. Оваа компанија започна со производство на јајца пред околу 12 години. Жито Вардар е најголем производител на јајца во Македонија, со 25-30 отсто удел во вкупното производство, а воедно е и единствен производител на еднодневни пилиња.

Целокупниот процес на производство се одвива во рамките на Групацијата заедно со  производството на еднодневни пилиња, одгледувањето на јарки, производството на конзумни јајца, како и производството на сточната храна. Фармата произведува 5 милиони јајца месечно или 60 милиони годишно. Велешка „Жи-ва“ дел од комапнијата  Жито-Врдар од недоамна започнаа со произодство и дистрибуција  на домашно свежо пилешко месо, со цел да се да се надомести недостигот на овој продукт на македонскиот пазар.

\"\"

Свежото пиле Жи-Ва е високо квалитетен бројлер, кој се произведува во репро-центарот на Жито Вардар во Крива Паланка, во еколошки здрава животна средина и е добиен во соработка на повеќе тимови од Групацијата во областа на нутриционизмот и одгледувањето на пилиња. За почеток тие произведуваат 20 тони, за во наредната година планираат тоа да достигне до 100 тони месечно, Македонија увезува годишно 1,5 илјади тони свежо и замрзнато пилешко месо.

Оваа компанија е лидер во производство на свежо свинско месо на македонскиот пазар, со количина од преку 500 тони извезено свинско месо во соседна Србија, а од почетокот на месецот започна и со производство на свежо пилешко месо. Тие ја имаат и единствената кланица за ноеви во Македонија, лоцирана во близината на Штип.

\"\"

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати